Сообраќајот на патниот правец Прилеп – Росоман денеска од 15:40 часот е во прекин во двата правци, поради шумски пожар над каменоломот Превој – Плетвар.
– Сообраќајот на патниот правец Прилеп – Росоман е во прекин во двата правци, поради шумски пожар над каменоломот Превој – Плетвар, атар на село Тројаци кон село Топлица, се наведува во соопштението од АМСМ.
Поради густ чад и намалена видливост, сообраќајот е запрен и има долга колона возила.
Активни се и пожарите кај селата Подмол, Бонче, Дебреште, Долненско. Главно горат нискостеблеста шума и трева.
Противпожарните екипи од Прилеп постојано се на теренот. Во гаснењето на огненета стихија им помагаат и прилепските јавни комунални претпријатија, а помош им пристигна и од Кавадарци и Крушево.