Големо ќе биде поскапувањето на струјата, можеби и двојно, вели Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mickoski-8

„Сериозна е опасноста од паѓање на системот и од рестрикциите, цените на берзите повторувам колку стотини евра од мегават на саат се, ќе ве потсетам. Она што го произведува ЕЛЕМ поранешно, сегашно ЕСМ и го продава не е за 37 евра и на тој начин се чува социјален мир во Македонија во овој момент, за да се спаси политичката кариера на Зоран Заев уште некој ден, и малкумината кои што се околу него. Додека цените на електричната енергија, на струјата на берзите се качени“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски при гостување во вестите на Сител телевизија.

— реклама —

„Големо ќе биде поскапувањето, не можам да предвидам со бројки, но не би се зачудил да биде двојна“, укажа Мицкоски.

— реклама —

Мицкоски посочи дека поради неодговорното однесување на власта, цената на електричната енергија ќе се качи.

— реклама —

„Неодговорно се однесуваа кон енергетскиот сектор, не правеа на време ремонти, тендерите за ископ и уредување на рудниците во РЕК Битола ги користеа за да ангажираат свои фирми“, појасни Мицкоски.

Мицкоски рече дека не би го зачудило сметка од 2.000 да стане околу 3 или 4.000 денари. Можно е и од први декември веќе да има покачување на сметките за електрична енергија, бидејќи состојбата е доста сериозна. Рудникот во РЕК Битола од ден за ден работи, евентуално час за час се копа јаглен, а пропадна тендерот за јаглен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања