Промени тема
Контакт

Google плаќа 10 милиони долари за податоци од пропадната авиокомпанија Spirit

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-libraryroautfo1ped96qbw55l
Photo by Hieu on Unsplash

Податоците на патници, вработени и деловни партнери на пропаднатата американска авиокомпанија Spirit Airlines наскоро би можеле да се користат за тренирање на модели за вештачка интелигенција на Google. Технолошкиот гигант се договорил да плати 10 милиони долари за дел од интерната документација на Spirit, која во мај престана со работа и сега во стечај ја распродава својата имотна и деловна актива.

Пакетот што Google сака да го купи содржи електронска пошта и интерна комуникација, табели, трансакции со клиенти, податоци за резервации и програмата за лојалност, како и информации од секторот за човечки ресурси.

— реклама —

Според судската документација, од податоците се отстранети сите информации што би можеле да го откријат идентитетот на поединци. Од Google потврдиле дека компанијата купува дел од корпоративните податоци на Spirit со цел да ги подобри своите производи и модели за вештачка интелигенција, нагласувајќи дека во рамките на договорот нема да добие лични податоци.

За податоците се натпреварувала и компанијата за вештачка интелигенција Mercor.io, која понудила 7,5 милиони долари. Конечната одлука за продажбата треба да ја донесе стечајниот судија Шон Лејн на рочиште закажано за среда.

— реклама —

Ваквата продажба е невообичаена во стечајната постапка на авиокомпанија. Вообичаено, пропаднатите превозници ги презема друга авиокомпанија, која ги наследува и податоците и ги интегрира во своето работење.

— реклама —

Spirit, сепак, е првата поголема американска авиокомпанија во последните 25 години што целосно се ликвидира, наместо да биде преземена од конкурент. Токму поради тоа, нејзините корпоративни податоци сега се појавуваат како значајна ставка во стечајната распродажба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања