Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Google Wallet добива дигитални клучеви: Андроид телефоните ќе ги отклучуваат вратите без физички клуч

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 34 минути -

media-libraryh2vqk9e07ijtd3tD2N8
фото: unsplash

Физичките клучеви наскоро би можеле да станат непотребни за сопствениците на компатибилни паметни брави. Google воведува дигитални клучеви во Google Wallet, со кои Андроид телефоните ќе можат да ги отклучуваат вратите со едноставно доближување, а кај одредени модели и без да бидат извадени од џебот.

Новата функција е овозможена преку интеграцијата со Google Home и стандардот Aliro, а се потпира на две технологии за безжична комуникација. NFC овозможува отклучување со доближување на телефонот до бравата, слично како при бесконтактно плаќање, додека UWB овозможува автоматско отворање кога корисникот ќе се приближи до вратата.

— реклама —

Функцијата се вика Unlock on Approach. За автоматското отклучување потребни се телефон и паметна брава со поддршка за Aliro UWB, а можноста првично е исклучена и треба рачно да се активира во поставките на Google Wallet.

Интересно е што NFC-от може да функционира и кога екранот на телефонот е заклучен, под услов уредот да бил отклучен во претходните неколку часа. За дополнителна заштита, корисниците можат да ја активираат опцијата за задолжително отклучување на уредот или биометриска потврда пред отворањето на вратата.

— реклама —

Дигиталниот клуч се поврзува со домот или станот во Google Home, а не со една конкретна брава. Така, еден клуч во Google Wallet може да ги отвора сите компатибилни брави во истиот дом. Членовите на домаќинството можат да имаат сопствени дигитални клучеви, а на гостите може да им се овозможи пристап преку привремени кодови.

За NFC-функцијата е потребен Андроид телефон со Android 9 или понова верзија, компатибилна брава со поддршка за Aliro и соодветен Google Home уред со Matter и Thread Border Router. Автоматското отклучување преку UWB засега е достапно за одредени модели на Google Pixel 10 Pro и понови, како и за дел од телефоните Samsung Galaxy со соодветен хардвер.

— реклама —

Меѓу првите компатибилни брави се Aqara U400, Schlage Sense Pro и Nuki Keypad 2 NFC, но не сите модели ги поддржуваат сите функции. На пример, Schlage Sense Pro првично поддржува NFC, додека UWB ќе добие дополнително.

Додавањето дигитален клуч се врши преку Google Home, во делот Home settings – Google Wallet key, по што тој се синхронизира со компатибилните телефони поврзани со истата Google сметка.

— реклама —

Функцијата е достапна од 11 ноември преку програмата Google Home Public Preview, а поширокото воведување е најавено во следните недели. Засега Google не соопштил во кои земји ќе биде достапна, па не е познато кога ќе пристигне и во Македонија.

И покрај новата можност, Google препорачува корисниците да го задржат физичкиот клуч како резервно решение.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4j9uo10f8po0ds6n7yq

Google Wallet добива четири нови функции, меѓу нив и скенирање сметки

Технологија | пред 4 седмици

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања