Екс-началникот на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски е осуден на казна затвор во траење од една година и шест месеци за фалсификување на службена исправа. Пресудата е изречена во негово отсуство бидејќи е во бегство во Грција.
Тој беше осуден на истата казна во првото судење, но скопскиот Апелациски суд ја укина пресудата и ја врати на повторно судење затоа што не биле исполнети законските услови за судење во отсуство. Документацијата за која се однесува овој предмет е поврзана со двата система од нелегалното прислушување, кои соред СЈО, биле уништени во текот на 2014 година.
фото: мкд.мк