На 29 март оваа година на свет дојде Гордан, предвремено родено бебе со 1.220 гр. телесна тежина. Маја (24), неговата мајка, го родила во 29 недела од бременоста. По еден ипол месец престој на одделот за интензивна нега и терапија на ГАК, период во кој Маја, поради пандемијата, не била во можност да го види своето бебе, Гордан си замина дома со телесна тежина од 2.030 грама во добра општа состојба. Семејството на Гордан е благодарно за пожртвуваноста на персоналот на ГАК и нивната постојана достапност. И јас се придружувам во благодарноста до целиот персонал на ГАК, за целокупната грижа и нега која им ја даваат на мајките и новороденчињата, а на Гордан му посакувам да израсне во здраво и среќно дете, напиша на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.
https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1822571701383188/2469112306729121/?type=3&theater