Промени тема
Контакт

Гордана Силјановска е реприза на Иванов и на Арсовска , искритикува Пендаровски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Foto-3-2

„ВМРО-ДПМНЕ е партија која што функцијата Претседател на државата ја деградира и смета дека истата може да ја извршува единствено нечиј партиски послушник“, вели Стево Пендаровски и додава:

— реклама —

Затоа на овие избори наместо со професионална, натпартиска личност како што најавуваше, ВМРО-ДПМНЕ излегува со докажан партиски кадар како Гордана Силјановска Давкова, актуелна пратеничка во Собранието каде ревносно ги брани ставовите на партијата.

— реклама —

Силјановска Давкова не е ново лице на македонската политичка сцена, нејзиното политичко профилирање е уште во далечниот период од 1992 - 1994 година, како министерка во првата Влада на СДСМ, а не се непознати ниту нејзините политички ставови.

Силјановска Давкова беше гласен противник на Законот за употреба на јазиците и се докажа како албанофоб, а со силното противење на Договорот од Преспа и на Преговарачката рамка за влез во ЕУ, се докажа и како антиевропски политичар.

— реклама —

Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ предлага вакви „натпартиски“ кадри, цената на крајот ја плаќаат граѓаните. Така беше и со Ѓорге Иванов кој ја сроза функцијата претседател на државата, така е и со Данела Арсовска која за две години направи пустош во Град Скопје.

— реклама —

Но, ВМРО-ДПМНЕ и нивната кандидатка треба да бидат свесни дека граѓаните нема да дозволат функцијата Претседател на државата одново да биде погазувана и понижувана, а самата држава да тргне во погрешен правец, како што тоа беше случај цели 11 години.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

FotoJet-41

Крај на парламентарните избори, Европски фронт останува со 18 а Влен со 14 пратеници

Македонија | пред 2 години

— реклама —
glasanje-makedonija

Нема прегласување во местото кое ја намали разликата меѓу „Европски фронт“ и „Влен“

Македонија | пред 2 години

mickoski-sobranie

Новите пратеници ќе седнат во удобните фотелји, конститутивна седница во вторник, 28 мај

Македонија | пред 2 години

gasd

СДСМ сама „крвта“ си ја пролеа: Маричиќ или Лога, кој ќе раководи со ДИК,

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања