Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Гордоста кај нас доцни 50 години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
44

Парадите на гордоста, денес секаде низ светот асоцираат на собири со музика и знамето на виножитото. Поради тоа лесно е да се заборават почетоците и самиот корен на парадите на гордоста, кои биле далеку од весели.

Судир помеѓу полицијата и гостите на еден бар во Њујорк – така почнало сè.

— реклама —

Во доцните 60ти години на минатиот век, во повеќето држави се уште било нелегално да се биде геј и ниту еден закон не ги штител правата на геј луѓето, а не постоеле ни политичари и поп икони кои јавно кажувале дека се геј.

— реклама —

Во 60-тите години на минатиот век, барот „Стоунвол Ин“ во Њујорк бил место каде што геј луѓето биле добредојдени и слободно се забавувале. Барот бил во сопственост на италијанска мигрантска фамилија доселена во САД. На влезот секогаш имало менаџер кој гостите било препорачливо да го познаваат за да може да влезат во барот.Мнозинството од гостите биле геј мажи, но имало и лезбејки кои биле во значително помал број. Секогаш штом била забележана полиција во близина на барот, светлата ја менувале бојата, музиката била исклучувана и тоа значело дека сите мораат да престанат со танцување.

— реклама —

Полициските акции во геј баровите биле чести, се случувале барем еднаш во месецот. За време на таквите акции, се палело светлото во барот, и гостите постороени во редица морале да се идентификуваат пред полициските службеници. Оние гости кои биле трансвестити веднаш биле апсени. Сопствениците и вработените во баровите исто така биле апсени.

Во периодот пред 28 јуни 1969 година бил одбележан од чести полициски акции во геј баровите, вклучително и во Стоунвол Ин.

Женските полициски службенички ги проверувале гостите облечени како жени, и доколку се покажело дека станува збор за трансвестити, тие веднаш биле апсени.

Клучниот пресврт кој се случил во барот Стоунвол Ин, е кога гостите облечени како жени одбиле нивниот пол да биде проверен од полицајките. Затоа полицијата одлучила сите присутни да ги спроведе во полициска станица.

Додека полицајците го чекале превозот за конфискуваниот алкохол, оние гости кои не биле уапсени и биле пуштени да си одат дома, сепак решиле дека ќе останат пред Стоунвол. Во рок од неколку минути, се насобрале околу 150 луѓе, кои стоеле мирно и тивко, но сепак се насетувало дека нешто се случува во воздухот. Штом се расчуло дека полицијата ги тепа оние кои се уште се во барот, насобраните почнале да фрлаат монети, а потоа и шишиња од пиво кон полициските возила. Моментот кој ги разгневил луѓето е кога била уапсена една гостинка на Стоунвил Ин која жестоко се борела со четворица полицајци. Во тој момент насобраната група луѓе се претворила во толпа и започнале протестите кои денес ги знаеме како паради на гордоста.

Од тој момент до денеска поминати се точно 50 години. Скопје денеска е домаќин на првата македонска Парада на гордоста.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања