Промени тема
Контакт

Горела бандера, треви, стрниште - најбарана вчера била полицијата, покажува извештајот на ЦУК

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-51-8610PM

Имало вкупно 1 582 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 55,82%, а 44,18% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

— реклама —

Извештајот на ЦУК, интегрално:

— реклама —

Кон полиција биле упатени 62,35%, кон Итната медицинска помош 29,15%, a кон пожарникарите 6,88% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 703 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“. Сите тие повици за итни случаи биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

— реклама —

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало регистрирано само еден пожар на отворено на територијата на државата. Конкретно, Регионалниот ЦУК Скопје, ја пренесува информацијата од БППЗ на Град Скопје, дека: од 13.10 до 16.00 часот, со 5 пожарникари и 2 ПП возила интервенирале на запалена ниска вегетација и грмушки на површина од 1.000 m2 кај м.в. „Три Круши“ (Општина Кисела Вода); од 14.30 до 15.00 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалено ѓубре на мала површина покрај ул. „Скупи“ (Општина Карпош); од 15.55 до 16.40 часот, со 4 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалено стрниште и бандера на површина од 30 m2 кај с.Стајковци (Општина Гази Баба) и од 17.05 до 17.30 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од 300 m2 во населбата „Шуто Оризари“ (Општина Шуто Оризари).

— реклама —

ЦУК апелира за редовно чистење на локалните одводни канали, а и да не се фрлаат отпадоци во нив, а секако и во речните корита.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања