Општина Охрид за само две години го намали долгот за повеќе од една милијарда денари, како резултат на успешниот процес на раздолжување. Враќањето на финансиската стабилност e еден од најважните приоритети на оваа локална власт и благодарение на поддршката и помошта од Владата на Република Северна Македонија постигнат е евидентен успех, кој има огромно значење за идниот развој на општината.
Продолжуваме посветено да работиме во интерес на граѓаните на Охрид, напиша на својот ФБ градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.
