Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Гори депонијата во Еднокуќево, чадот се чувствува и во околината на Струмица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-librarychbf2bvu3go520Zb474
Фото: Пожарникари Струмица

Пожар на депонијата во Еднокуќево предизвикува ширење чад и непријатна миризба во околината на Струмица. Огнот гори од вчера попладне, а пожарникарите продолжуваат со интервенциите и утринава.

— реклама —

Екипите на ТППЕ Струмица вчера интервенирале двапати, во попладневните и ноќните часови. Денеска, уште од раните утрински часови, пожарникарите повторно се на терен со цел да го локализираат и изгаснат пожарот.

— реклама —

Според градоначалникот на Општина Босилово, Ристо Манчев, во текот на денот се очекува да започне расчистување и потрупување на депонијата со соодветна механизација, за да се помогне во гаснењето и да се спречи повторно разгорување на огнот.

— реклама —

Пожарите на депониите, покрај опасноста од ширење на пламенот, предизвикуваат и загадување на воздухот. Дури и откако пламенот ќе биде изгаснат, отпадот може да продолжи да тлее во длабочината и повторно да го активира пожарот.

— реклама —

Надлежните апелираат на одговорно однесување и поголема грижа за животната средина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryu3k3obm0rggs5FPIqHz

(Видео) Голем пожар кај Бит-пазар во Скопје: Горат магацини, интервенираат шест противпожарни возила

Скопје | пред 22 часа

— реклама —
media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

Илјадници домови загрозени од шумските пожари во Калифорнија, двајца пожарникари повредени

Свет | пред 3 седмици

media-libraryk10rpevd6fliclod3wr

(Видео) Третпат опожарен приватен имот на шумочувар од Зелениково

Македонија | пред 3 седмици

media-library372j1967aalr4Ld4tDV

Три активни пожари во Македонија, еден е под контрола

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања