Гори охридско: пожари на Галичица и Косел

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-08-05-at-09.25.49

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во текот на вчерашниот ден 05.08.2024 година (понеделник – практично во последното деноноќие), имаше вкупно 23 пожари на отворен простор, од коишто, соглано вечерните и утринските информации, три (3) се уште се активни, шест (6) се под контрола и 14 се изгаснати, а на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК имало вкупно 2 563 повици во последното деноноќие.

— реклама —

Трите (3) пожари на отворено, што се уште се активни, се лоцирани во: Општина Македонски Брод, во пределот кај с.Тажево – с.Брезница – крак кон ЈП „Јасен“; вториот активен пожар е на територија на две општини - Општина Демир Хисар и во Општина Охрид, на Илинска Планина, во реон кај селата Витово, Базерник, Мало Илино и Брежани и третиот активен пожар е, исто така, на територијата на две општини - во Општина Дојран и Општина Богданци во реон кај с.Фурка кон Богданци.

— реклама —

Шест (6) пожари на отворен простор се под контрола, во:

— реклама —

1. Општина Пробиштип: с.Зелениград – с.Јамиште;

2. Општина Македонски Брод: с.Слатина;

3. Општина Охрид 1: Планина Галичица;

4. Општина Охрид 2: Косел – Расино – Опеница – Вапила;

5. Општина Пласница: с.Пласница (изгаснат) - с.Латово (активен) и во

6. Општина Делчево: Депонија Делчево;

Изгаснати се 14 пожари на отворено во: Општина Кичево, кај с.Бачиште; Општина Брвеница, с.Милетино; Општина Боговиње с.Жеровјане; Општина Гостивар, с. Чајле; Општина Богданци, м.в. „Погана“ кон „Ветерен Парк Богданци“; Општина Прилеп, м.в. „Теке“; Општина Неготино, кај фабриката „Македонија“; Општина Старо Нагоричане, во с.Жегљане, маало Рогожарци; Општина Василево 1 кај с.Радичево и с.Дукатино; с.Чалакли; Општина Валандово, с.Чалакли; Општина Студеничани, с.Батинци; Општина Ѓорче Петров, пкрај ул.„Скупи“; Општина Зелениково, кај с.Вражале и во Општина Студеничани, во реон меѓу с.Драчевица и с.Црвена Вода.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања