Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Горивата поскапуваат за половина денар по литар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Ново зголемување на цената на горивата,  одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,05 отсто.

Новата малопродажна цена на еуросупер БС-95 изнесува 61 денар, еуросупер БС-98 ќе се продава за 63, еуродизел (ДЕ V) за 52,5, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 52 денара за литар.

— реклама —

Со одлуката на РКЕ за 0,428 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 25,824 денари за килограм.

— реклама —

Како причина за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемувањето на референтните цени на бензинот во просек за околу 2,574 отсто и за околу 1,568 отсто кај дизелот во последните седум дена, како и за 0,175 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања