Промени тема
Контакт

Горивото во Германија достигнува 3 евра за литар: Владата под притисок да реагира

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Свет
media-library37kdmf2j0l4ieKAof6T

Цените на горивата во Германија предизвикуваат сè поголемо незадоволство кај возачите, додека владината коалиција сè уште нема усогласено решение за нивно намалување.

Бензинските пумпи во земјата смеат еднаш дневно, на пладне, да ги зголемат цените. Во Берлин вчера наутро литар бензин Е10 чинел околу 2,25 евра, а дизелот околу 2,37 евра. На пладне цените се зголемиле за околу 20 центи по литар. Највисока цена била забележана на бензинска пумпа покрај автопат во јужниот дел на Берлин, каде што „Super Plus“ достигнал 3,03 евра за литар.

Растот на цените особено ги погодува жителите во руралните подрачја, каде што автомобилот често е единствената практична можност за превоз. Најповолна е ситуацијата за жителите на пограничните региони. Според податоците на Сојузниот завод за статистика, на 7 септември полнење резервоар од 60 литри со бензин Е10 во Чешка и Полска било околу 31 евро поевтино отколку во Германија. Во Луксембург разликата била 28 евра, а во Австрија 25 евра.

Германија има девет соседни земји, а во седум од нив бензинот е значително поевтин. Кај дизелот тоа е случај во шест земји. Поскапо гориво од Германија плаќаат само возачите во Холандија и Данска.

Канцеларот Фридрих Мерц најави дека владата мора да реагира, посочувајќи дека за многу граѓани кои секојдневно зависат од автомобилот границата на подносливост е достигната. Сепак, конкретната мерка сè уште не е утврдена, а Мерц најави дека предлогот ќе следува наскоро.

— реклама —

Од владата, пак, велат дека растот на цените не е последица на одлука на федералната власт, туку дека тие во голема мера зависат од глобалните движења на пазарот, состојбите на Блискиот Исток, нападите врз нафтоводите и блокадите на поморските патишта.

Автомобилскиот клуб АДАК предупредува дека цената на нафтата сè уште е пониска од претходните рекордни нивоа, додека бензинот Е10 е поскап од кога било. Од Здружението на бензински пумпи, пак, остро ги критикуваат нафтените компании и тврдат дека нивните профитни маржи не се намалуваат.

— реклама —

Повторно воведување на попустот за гориво засега не се очекува. Од 1 мај до 30 јуни 2026 година, германската влада привремено го намали енергетскиот данок на бензинот и дизелот, што со вклучен ДДВ требаше да ги намали цените за околу 17 центи по литар. Министерството за економија сега смета дека нема финансиски простор за повторување на таа мерка.

Во владејачката коалиција постојат различни предлози. ЦДУ/ЦСУ разгледуваат даночно олеснување за луѓето кои патуваат на работа со автомобил или директна финансиска помош за граѓаните со ниски приходи. СПД, пак, предлага горна граница на цената на горивата, која би се финансирала, меѓу другото, преку данок на вонредната добивка на енергетските компании.

Во меѓувреме, прашањето за цените на горивата станува и политичка тема во пресрет на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија и Берлин. Алтернатива за Германија (АфД) предлага укинување на надоместокот за СО₂ за горивата, намалување на данокот на енергија и намалување на ДДВ на бензинот и дизелот од 19 на 7 отсто.

— реклама —

Премиерката на Мекленбург-Западна Померанија, Мануела Швезиг, повика на воведување горна граница на цените и данок на вонредна добивка, критикувајќи ја федералната влада поради, како што оцени, неактивноста.

Од Берлин посочуваат дека данокот на вонредната добивка се разгледува и на европско ниво. За негово воведување, сепак, потребен е договор меѓу земјите членки. Министерот за финансии Ларс Клингбајл најави дека на состанокот на министрите за финансии на ЕУ ќе се залага за воведување на оваа мерка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Ќе поднесе ли Мерц оставка? Вагенкнехт очекува промена на германскиот канцелар до католички Божиќ

Свет | пред 7 часа

— реклама —
media-libraryo5htuaensgme5GzpmeM

Мачеле, тепале и давеле жртва во Словенија: Маж и жена од Хрватска уапсени во Германија

Свет | пред 1 ден

nevreme-1

Германските метеоролози предупредуваат: Се очекува силно невреме

Свет | пред 1 ден

media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

АфД поднесе кривична пријава против Мерц поради неговите изјави за масовното враќање на мигранти

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања