На 31.08.2019 во 14.15 часот во СВР Охрид, А.С.(21) од Гостивар пријавил дека околу 13.10 часот, педалинката која заедно со Х.Д.(21) и А.Б.(20) од Гостивар, ја изнајмиле на плажа, и со која се возеле по езерото на оддалеченост на околу 30 метри од брегот, почнала да се полни со вода и да тоне. Х.Д. и А.Б
Х.Д. и А.Б. испливале на брегот, а пријавителот со помош на лица од соседна педалинка излегол на брегот. На местото на настанот извршен е увид, а по добиените насоки од јавен обвинител педалинката е одземена и со записник предадена на полициски службеници.