„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Гостиварец осомничен за силување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
siluvanje

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Силување од член 186 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Осомничениот 49-годишник, на 19 декември, со употреба на сила и закана присилил на обљуба една оштетена. Тој ја однел оштетената во неговата куќа во Гостивар, каде физички ја нападнал со тупаници и клоци и ја принудил на сексуален однос, иако таа цело време давала отпор и се противела. Во еден момент оштетената успела да го оттурне од себе и да избега, а дејствијата на осомничениот ги пријавила во полиција.

Бидејќи ценеше дека во конкретниот случај постои опасност од бегство, можност осомничениот да ја попречува кривичната постапка или да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и донесе Решение со кое на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​​

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања