Гостиварското обвинителство денеска обвини девет лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
krediti-za-skoluvanje-denari-1

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлози за издавање казнен налог против девет лица за сторено кривично дело  – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Во одделни кривично правни настани, обвинетите  на 29.03.2020 година за време на полицискиот час со возила се движеле низ градот и со тоа не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразната болест COVID – 19, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движeње на територијата на Република Северна Македонија.

— реклама —

Надлежен јавен обвинител му предложи на Основниот суд во Гостивар да изрече парична казна за секој од обвинетите во висина од по 100 дневни глоби.​

— реклама —

Фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања