Промени тема
Контакт

Готовината и натаму е најприфатен начин на плаќање во еврозоната, и покрај растот на дигиталните плаќања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
50-evra

И покрај забрзаниот развој на мобилните и дигиталните начини на плаќање, готовината и натаму е најшироко прифатена форма на плаќање на физичките продажни места во еврозоната, покажува истражување на Европската централна банка.

— реклама —

Според податоците, готовина прифаќаат 92 отсто од компаниите што продаваат стоки и услуги на физички локации, што е зголемување од 90 отсто во 2024 година. Од ЕЦБ оценуваат дека со тоа е прекинат трендот на намалување на прифаќањето готовина што беше забележан за време и по пандемијата.

Платежните картички ги прифаќаат 88 отсто од компаниите, што е речиси исто како пред две години. Најзначителен раст бележат мобилните плаќања – нивната прифатеност се зголемила од 36 на 68 отсто.

— реклама —

Готовината е најзастапена во трговијата, рестораните и хотелите, каде што ја прифаќаат 93 отсто од анкетираните компании. Најниска е застапеноста во секторот на уметноста, забавата и рекреацијата, со 84 отсто.

— реклама —

Највисока стапка на прифаќање готовина меѓу земјите од еврозоната имаат Грција и Италија, со по 99 отсто. На спротивниот крај се Белгија со 81 отсто и Кипар со 76 отсто.

Од компаниите што веќе прифаќаат готовина, 92 отсто очекуваат да продолжат со оваа практика и во следните пет години. Како главни предности на готовината ги посочуваат приватноста и сигурноста, додека меѓу недостатоците ги наведуваат можноста за грешки при враќање кусур, безбедносните ризици и потенцијалните внатрешни измами.

Истражувањето опфатило 8.205 компании од сите 21 земја во еврозоната, а било спроведено во периодот од февруари до април 2026 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања