Грабежи во ГТЦ и Чаршијата – осомничениот го фрлил пиштолот во Вардар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Јавното обвинителство – Скопје соопшти дека е поведена истрага против 25-годишен жител на Скопје, осомничен за две кривични дела „разбојништво“ според член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Според обвинителството, првото разбојништво било извршено на 15 август годинава во просториите на фирма за брзи кредити во Градскиот трговски центар (ГТЦ).

— реклама —

Осомничениот, влегол во објектот и седнал на столче за странки, а кога вработената го прашала колку пари сака да подигне, извадил пиштол и ѝ наредил да ја отвори касата. Исплашена за својот живот, вработената ја отворила касата и му ги дала сите пари — 60.500 денари, по што тој избегал.

— реклама —

Само три дена подоцна, осомничениот на сличен начин извршил и второ разбојништво во друга филијала на истото правно лице во Старата скопска чаршија. Со закана со пиштол го натерал вработениот да го отвори сефот и одзел 25.000 денари.

Потоа, според истрагата, го фрлил оружјето во реката Вардар од Камениот мост и избегал во непознат правец. Некое време бил недостапен за полицијата, бидејќи побегнал во Хрватска.

„Со оглед на тоа што постои ризик осомничениот повторно да се даде во бегство и можност да го повтори делото, обвинителството побара од судијата на претходна постапка да му биде определен притвор“, соопштија од Основното јавно обвинителство Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

evra

Блиндирано возило со два милиони евра ограбено во Србија, комбето пронајдено запалено

Свет | пред 2 месеци

media-libraryh28f3fh6sv3vdCf0K0c

Продолжуваат апсењата за грабежот во Лувр, скапоценостите сè уште не се пронајдени

Свет | пред 3 месеци

media-librarymuc7ujo03okl2ZXXuaP

(Видео) Двајца полицајци уапсени за филмскиот грабеж на златарница во Гостивар

Македонија | пред 3 месеци

media-library29a2h0ln7ft17XnyxxV

(Видео) Разбојници со автомати и џип без таблици ограбија златара во центарот на Гостивар

Настани | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања