Град Скопје до Мицкоски откако им најавија проверки: Политички прогон сакаш да правиш, несреќо

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
IMG_2097

Град Скопје реагираше откако Владата побара од МВР да влезе во Град Скопје и Комнунална хигиена по купот смет по улиците на главниот град. Во реакцијата, пратена преку официјалните канали на Градот, се вели дека Мицкоски „почнал да се однесува како семоќен“ и дека наместо да се заканува, треба да преземе одговорност за „криминалната структура во Комунална хигиена“.

— реклама —

„Мицковски, несреќо, на кого се закануваш? Те велича Орце Самка Ѓорѓиевски дека си господ и си почнал да веруваш дека си семоќен? Политички прогон сакаш да правиш, несреќо,“ стои во реакцијата.

— реклама —

Од Град Скопје посочуваат дека за отпадот низ градот е одговорна токму структурата на ВМРО-ДПМНЕ во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“, предводена од Јулијана Спировска, претседателка на Управниот одбор, која, како што наведуваат, е „правосилно осуден криминалец за две кривични дела“.

— реклама —

„За ѓубрето низ Скопје се одговорни твоите градоначалници, кои сред избори повикаа граѓаните да фрлаат кабаст отпад, а немаат ни ресурси, ни механизација да го собираат. За тоа се мачат вработените во КХС кои се веќе на крај со силите,“ се додава во соопштението.

Градот го обвинува и Министерството за здравство, кое, според нив, му должи милионски суми на Комунална хигиена, и прашува дали Мицкоски ќе влезе „со полиција“ и таму.

„По корумпирана и по плитка власт од твојава не постоела, ниту ќе постои. Уствари, заборавив — Северна, бидејќи и името дека ќе го вратиш, лажеше, како и за сè друго што лажеш денес,“ завршува соопштението на Град Скопје.

Ова е уште една во серијата јавни размени на остри обвинувања меѓу Градот и Владата поради алармантната состојба со отпадот во Скопје, за која Владата веќе најави вонреден инспекциски надзор во ЈП „Комунална хигиена“ и Град Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryn74kk91m75jl1n6iQCa

Минатата година подигнати речиси 22 000 кубни метри отпад од диви депонии

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryn49c79k64cl47R4f47j

Се чисти без координација: Скопје преполно со отпад, „Комунална“ се пофали дека работела

Скопје | пред 3 месеци

media-librarye06qosfbv2h09fB96NK

Стојкоски: „На башибозукот му се ближи крајот – одговорност ќе има“

Скопје | пред 3 месеци

komunalna-skopje-3

КХС: Платите се исплаќаат, долгот на Министерството за здравство од 5 милиони евра ја нарушува ликвидноста

Скопје | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања