Град Скопје доби поддршка за именувањето улици со имињата на Блаже Конески и Славко Јаневски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

Градот Скопје доби поддршка за именувањето две улици во централното градско подрачје со имињата на великаните Блаже Конески и Славко Јаневски, од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и од Фондацијата „Славко Јаневски“.

— реклама —

„Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ го изразува своето задоволство од одлуката на Град Скопје една улица во централното градско подрачје да го носи името токму на Блаже Конески, кодификаторот на современиот македонски јазик, меѓународно ценет лингвист, визионер, мислител, поет и препејувач од светски ранг. Конески ги препозна нијансите на словенската, но и на македонската (со сите свои специфики) народна култура, традиција, наука и реторика. Блаже Конески е најголемиот корифеј на македонската култура со светско реноме и еден од втемелувачите на современиот македонски идентитет. Во Годината на Конески срдечно ја поздравуваме одлуката на Град Скопје, заедно со името на Крсте Мисирков, името на Блаже Конески да го носи улица од централното градско подрачје. Ова е порака до граѓаните на Скопје со која Блаже Конески останува наша инспирација и гордост“, се вели во писмото од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

— реклама —

И Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ преку писмо го изрази своето задоволство од одлуката на Град Скопје една улица во централното градско подрачје да го носи името токму на Славко Јаневски, еден од најголемите корифеи на македонската култура и еден од втемелувачите на современиот македонски идентитет.

— реклама —

„Името на Славко Јаневски последните десетина години беше во континуитет изложувано на политичка дефамација, со тенденција авторот на првиот македонски роман, наместо да влезе како бележит симбол на македонската колективна меморија, тој да помине во колективен заборав. Во таа смисла, ја поздравуваме и поддржуваме оваа одлука на актуелната владеачка гарнитура на Град Скопје, сметајќи ја за мал, но вистински чекор за зачувување на ликот и делото на овој великан. Затоа го охрабруваме Град Скопје, но и другите одговорни фактори да продолжат во оваа насока за негување на сопствените цивилизациски дострели. Истовремено, Фондацијата изразува подготвеност, во зависност од потребите и во зависност од сопствените капацитети, да помогне во реализацијата на овие процеси“, велат од Фондацијата.

фото: Град Скопје

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања