Град Скопје додели паќетчиња за социјално ранливи категории деца

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
ZOK_4314

По повод Нова година, Град Скопје со желба за многу среќа и здравје во 2021 додели пакетчиња за социјално ранливи категории деца од институции кои традиционално ги помага.

— реклама —

Во пресрет на Новогодишните празници 250 деца добија новогодишни пакетчиња од Град Скопје.100 пакетчиња им беа доделени на децата од Дневен Центар за деца на улица, а 49 новогодишни пакетчиња на децата од Мали групни домови „Ранка Милановиќ“, „25 Мај“ и „11 Октомври“.

— реклама —

— реклама —

Дневниот центар за рехабилитација и ресоцијализација, ХОПС, доби 22 новогодишни пакетчиња за децата на корисниците на нивните услуги, Во мојот свет, Здружение на граѓани за третман на лица со аутизам добија 62 новогодишни пакетчиња, а Здружението Љубезност 17 пакетчиња.

Градот Скопје и понатаму продолжува да вложува во иднината на сите граѓани и води активна социјална политика и секогаш одговара позитивно на потребите на социјално ранливите граѓани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања