Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Град Скопје домаќин на вториот светски конгрес на претприемачи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
skopje-pretpriemaci

По повод Вториот Светски конгрес на претприемачи кој ќе се одржи во Скопје, во втората половина на месец октомври, 2019 година, делегацијата на Светскиот конгрес на претприемачи оствари средба со раководителот на Секторот за локален економски развој, Марко Тодоров и со советничката во Советот на Град Скопје, Билјана Секуловска Габер.

Делегацијата беше предводена од генералниот секретар на конгресот и претседател на управниот одбор на Меѓународниот економски форум „Перспективи”, Винко Ќуро, а на средбата се утврдуваа насоките и целите за организација на конгресот, кој е под покровителство на Владата на Република Северна Македонија.

— реклама —

- Ни претставува чест и задоволство Градот Скопје да биде домаќин на Вториот светски конгрес на претприемачи. Развивањето и поттикнувањето на претприемачкиот дух кај граѓаните е од огромно значење за развојот на локалната економија. Благодарни сме на Владата што цени дека локалната власт треба да биде вклучена во организацијата на конгресот - рече Тодоров на средбата.

Градоначалникот Петре Шилегов ќе земе активно учество на светскиот конгрес, во својство на потпретседател на организацискиот комитет.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања