Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Град Скопје е заглавен заради неспособноста на коалицијата Арсовска - СДС, смета партијата која ја донесе на власт

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
danela-arsovska-8181

„Град Скопје е заглавен заради неспособноста на коалицијата Арсовска - СДС“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат:

— реклама —

ЈСП беше блокирано заради неспособноста на Арсовска, но и затоа што град Скопје под нејзина управа му должи пари на претпријатието, а пари должи и владата. ЈСП е спасено по иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Иста е и ситуацијата со ЈП Улици и патишта, претпријатие на кое Арсовска должи 1 милион евра.

Арсовска ја напушти програмата за модерно Скопје и се сврти кон коалиција со СДС, резултатот од тоа е повеќе од очигледен. Градот тоне веќе месец дена.

— реклама —

Градот Скопје под Арсовска има пари за мерење на рејтинг и пи-ар кампањи, а нема пари за проекти.

— реклама —

Арсовска работи под диктат на СДС, а тоа се гледа и по именувањето на директорот на ЈСП, кој е кадар на СДС, и за кој излегоа фотографии во јавноста од состаноци во штабот на СДС. Токму тој директор е предвесник на полутајната коалиција СДС - Арсовска.

И затоа Арсовска молчи за долговите на власта кон претпријатијата основани од град Скопје. И затоа нема ништо ниту за долгот на Клинички центар кон ЈП Водовод во износ од 2 милиони евра.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања