Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Град Скопје го проектираше Буџетот за 2020 - Најголем раст во комуналниот сектор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
29-ta-sednica-na-sovet-4

На денешната седница на Советот на Град Скопје ќе се разгледува Предлог – буџетот на Град Скопје за 2020 година.

— реклама —

Предлог – буџетот на Град Скопје за 2020 година е изработен согласно со законските одредби и Буџетскиот циркулар – Насоки за подготовка на буџетите на единиците на локалната самоуправа за 2020 година на Министерството за финансии.

Согласно со направените проценки и анализи, со Предлог-буџетот на Град Скопје за 2020 година се предлага износ од 7,3 милијарди денари вкупни приходи и други приливи. Во предлогот се планира и дел од вишокот на приходи остварен во минати години, во износ од  875.668.000 денари.

— реклама —

Споредено со 2019 година, предложениот буџет на Град Скопје за 2020 година, се зголемува за 12%.

Предлог – буџетот на Град Скопје за 2020 година е изготвен врз основа на начелата на економично и рационално трошење на буџетските средства, зголемување на фискалната одговорност, отчетност и транспарентност. Планирањето на средствата преку дефинираните програми придонесува за поголема транспарентност на планираните и извршените расходи, како и нивно рационално користење.

Најголемо зголемување на планираните средства во новиот Предлог-буџет на Град Скопје има во Секторот за комунални работи каде што средствата  за 2020 се зголемени за 72% во однос на 2019 година.

Планираните приходи и други приливи во Предлог – буџетот на Град Скопје за 2020 година, по категории се прикажани во табелата подолу, како и поединечното учество на секоја категорија на приходи и други приливи во вкупниот буџет.

 

Табела 1: ПРЕДЛОГ БУЏЕТ  2020 година – ПРИХОДИ ПО КАТЕГОРИИ

 

ВКУПЕН БУЏЕТПРИХОДИ     2019 годинаПРИХОДИ     2020 година%на учество2020/ 2019
ВКУПНО6.550.980.0007.346.515.000100,0112,1
Даночни приходи (даноци на имот, комунални такси, надоместок за уредување и др.2.492.050.0002.631.000.00035,8105,6
Неданочни приходи (административни такси, приходи од закупнина)482.930.000592.862.0008,1122,8
Капитални приходи (продажба и закуп на градежно земјиште и продажба на деловен простор)501.117.000513.000.0007,0102,4
Приходи од дотации1.624.309.0001.808.175.00024,6111,3
Трансфери207.092.000331.000.0004,5159,8
Вишок на приходи од минати години1.098.832.000875.668.00011,90,0
Приходи од донации144.650.000134.810.0001,893,2
Домашно задолжување0460.000.0006,30,0

 

Планираните расходи и други одливи во Предлог – буџетот на Град Скопје за 2020 година, по категории на расходи е прикажано во табела 2, како што следи, при што значајно се зголемени вкупните капитални расходи во споредба со планираните во 2019 година:

 

 Табела 2: ПРЕДЛОГ БУЏЕТ  2020 година – РАСХОДИ ПО КАТЕГОРИИ

 

ВКУПЕН БУЏЕТРАСХОДИ     2019 годинаРАСХОДИ     2020 година%на учество2020/ 2019
ВКУПНО6.550.980.0007.346.515.000100,0112,1
ТЕКОВНО ОПЕРАТИВНИ РАСХОДИ4.411.465.0004.816.832.00065,6109,2
плати и надоместоци1.367.546.0001.554.277.00021,2113,7
резерви и недефинирани расходи21.000.00016.000.0000,276,2
стоки и услуги1.993.123.0002.097.549.00028,6105,2
каматни плаќања19.000.00021.000.0000,3110,5
субвенции и трансфери842.796.000960.006.00013,1113,9
отплата на главница168.000.000168.000.0002,3100,0
КАПИТАЛНИ РАСХОДИ2.139.515.0002.529.683.00034,4118,2
капитални расходи2.139.515.0002.529.683.00034,4118,2

 

Износите на секој од поединечните буџети од кои се состои вкупниот буџетот на Град Скопје за 2020 година се наведени подолу во табелата.

Додека пак во прикажаниот графикон е претставена споредбата на  буџетот на Град Скопје за 2020 година во однос на 2019 година.

 

 Табела 3: ПРЕДЛОГ БУЏЕТ 2020 год - ПОЕДИНЕЧНИ БУЏЕТИ

 

БУЏЕТ  НА ГРАД СКОПЈЕБУЏЕТ 2019БУЏЕТ 20202020/    2019
ВКУПНО6.550.980.0007.346.515.000112,1
Основен буџет4.397.000.0004.617.668.000105,0
Буџет на дотации1.702.000.0001.808.175.000106,2
Буџет на самофинансирачки активности307.330.000325.862.000106,0
Буџет на донации144.650.000134.810.00093,2
Буџет на кредити0460.000.0000,0

 

  

Графикон 1: ПРЕДЛОГ БУЏЕТ  2020 година – ПРИХОДИ ПО КАТЕГОРИИ

  

 

 

 

Графикон 2: ПРЕДЛОГ-БУЏЕТ  2020 година – РАСХОДИ ПО КАТЕГОРИИ

 

 

 

Графикон 3:  ПРЕДЛОГ-БУЏЕТ 2020 год. (поединечни буџети споредено 2020/2019 година)

 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања