„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Град Скопје го проектираше буџетот за 2021- та: Намалување на средствата поради светската пандемија од КОВИД-19

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
Sednica-na-Sovet-2

На денешната седница на Советот на Град Скопје ќе се разгледува Предлог – буџетот на Град Скопје за 2021 година.

— реклама —

 

Во услови на значајно влошување на меѓународното економско окружување и голема економска криза, резултат на здравствената пандемија, Буџетот на Град Скопје за 2021 година е подготвен применувајќи ги начелата на економичност, рационалност, фискална одговорност, отчетност и транспарентност, во насока да се обезбеди извршување на сите законски надлежности на Градот Скопје, со подобро буџетското планирање и извршување.

— реклама —

 

Планирањето на средствата преку дефинираните програми допринесува за поголема транспарентност на планираните и извршените расходи како и нивно рационално користење.

 

Согласно со направените проценки и анализи, со Предлог-буџетот на Град Скопје за 2021 година се предлага износ од 7,2 милијарди денари вкупни приходи и други приливи.

Во предлогот се планира и дел од вишокот на приходи остварен во минатигодини, во износ од 477.000.000 денари.

Споредено со 2020 година, предложениот буџет на Град Скопје за 2021 година, се намалува за 8,5%.

Планираните приходи и други приливи во Предлог – буџетот на Град Скопје за 2021 година, по категории се прикажани во табелата подолу, како и поединечното учество на секоја категорија на приходи и други приливи во вкупниот буџет.

 

 

 

 

 

 

 

Табела 1: ПРЕДЛОГ БУЏЕТ  2021 година – ПРИХОДИ ПО КАТЕГОРИИ

 

ВКУПЕН БУЏЕТПРИХОДИ     2020 годинаПРИХОДИ     2021 година% на учество2021/ 2020
ВКУПНО7.870.317.0007.199.000.00010091,5
Даночни приходи (даноци на имот, комунални такси, надоместок за уредување и др.2.394.000.0002.666.000.00030,4111,4
Неданочни приходи (административни такси, приходи од закупнина)592.862.000564.248.0007,595,2
Капитални приходи (продажба и закуп на градежно земјиште и продажба на деловен простор)513.000.000743.000.0006,5144,8
Приходи од дотации1.803.672.0001.871.991.00022,9103,8
Трансфери409.000.000304.000.0005,274,3
Вишок на приходи од минати години1.310.783.000477.000.00016,736,4
Приходи од донации142.000.000152.761.0001,8107,6
Домашно задолжување705.000.000420.000.000959,6

 

 

Планираните расходи и други одливи во Предлог – Буџетот на Град Скопје за 2021 година, по категории на расходи е прикажано во табела 2, како што следи:

 

 

Табела 2: ПРЕДЛОГ БУЏЕТ  2021 година – РАСХОДИ ПО КАТЕГОРИИ

 

ВКУПЕН БУЏЕТРАСХОДИ     2020 годинаРАСХОДИ     2021 година%на учество2021/ 2020
ВКУПНО7.870.317.0007.199.000.000100,091,5
ТЕКОВНО ОПЕРАТИВНИ РАСХОДИ5.351.662.0004.813.515.0006889,9
плати и надоместоци1.545.107.0001.600.418.00019,6103,6
резерви и недефинирани расходи16.000.00012.000.0000,275
стоки и услуги2.072.722.0002.009.762.00026,397
каматни плаќања12.000.00028.000.0000,2233,3
субвенции и трансфери1.537.833.0001.013.335.00019,565,9
отплата на главница168.000.000150.000.0002,189,3
КАПИТАЛНИ РАСХОДИ2.518.655.0002.385.485.00032,094,7

 

 

Износите на секој од поединечните буџети од кои се состои вкупниот буџетот на Град Скопје за 2021 година се наведени подолу во табелата.

 

 

 

 

Табела 3: ПРЕДЛОГ БУЏЕТ 2021 год - ПОЕДИНЕЧНИ БУЏЕТИ

 

БУЏЕТ  НА ГРАД СКОПЈЕБУЏЕТ 2020БУЏЕТ 20212021/    2020
ВКУПНО7.870.317.0007.199.000.00091,5
Основен буџет4.790.000.0004.330.000.00090,4
Буџет на дотации1.907.455.0001.966.991.000103,1
Буџет на самофинансирачки активности325.862.000329.248.000101
Буџет на донации142.000.000152.761.000107,6
Буџет на кредити705.000.000420.000.00059,6

 

 

Во прикажаниот графикон е претставена споредба помеѓу буџетот на Град Скопје за 2021 година во однос на 2020 година.

 

Графикон 1: ПРЕДЛОГ БУЏЕТ 2021 год. (поединечни буџети споредено 2021/2020 година)

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања