Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Град Скопје и универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ ќе основаат фондација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
27-28-sednica-na-sovet-2019-2

На следната шеесет и трета седница, Советот на Град Скопје ќе одлучува за формирање Фондација – Развоен институт Скопје.

— реклама —

Во рамки на програмата за активностите на Град Скопје за соработка со здруженија и фондации во 2021 година, Градот би требало да биде соосновач на оваа Фондација, заедно со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Двете институции би имале подеднаков придонес во основачкиот влог. Просторот за функционирање на оваа Фондација би го обезбедил УКИМ, а програмското работење би го финансирал Град Скопје.

Целта на ваквото здружување е да му се обезбедат на Градот нови алатки за соочување со предизвиците, преку податоци и следење резултати, а да се стави во функција академскиот потенцијал и академските искуства, особено во делот на урбанистичкото планирање. Фондацијата би отворила нови можности за дејствување, соработка, финансирање и инвестирање, како и подобар пристап до финансиска поддршка за инвентивни концепти за одржлив развој на град Скопје.

— реклама —

Процесот на формирање на оваа Фондација, би започнал со изготвување на сите формално правни документи за основање, како што се актот за основање на Фондацијата, статутот, програмата за дејствување, одлуката за избор на органи на Фондацијата, како и изготвување предлог организациска структура, финансиски план и програма за работа.

Градот Скопје останува активно вклучен во проекти за одржлив развој со особен акцент на унапредување на животната средина, урбаната мобилност и енергетската ефикасност, кои се дел од програмата за соработка со здруженија и фондации, а новоотворениот Развоен институт – Скопје би претставувал значаен чекор во таа насока.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања