Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Град Скопје: Камионите кај Вардариште истураат земја, а не шут и комунален смет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
27-28-sednica-na-sovet-2019-2

Град Скопје преку соопштение реагира на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ на која го обвинуваат градот за фрлање шут во населено место „Кирил Петрушевски“, кај поранешната депонија Вардариште.

-Сакаме да ја информираме јавноста дека на приложените фотографии и видеа, посочените камиони истураат земја, а не шут и комунален смет како што тврдат во ВМРО-ДПМНЕ. Оваа активност се прави со дозвола на Град Скопје и општина Гази Баба и се извршува со цел порамнување на површината и користење на овој јавен простор, појаснуваат од Град Скопје во реакцијата на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Градот Скопје, се додава, останува посветен на чистење на дивите депонии во Скопје и изминатава година во големи акции беа мапирани и расчистени депонии со над 3000 кубни метри смет.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања