Промени тема
Контакт

Град Скопје: Лажно е тврдењето дека „во Град Скопје се вработува личен возач на Петре Шилегов“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
uploads_thumbs_resize_800x420_348903

Градот Скопје ги демантира невистините изнесени на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ во врска со наводни вработувања во градската администрација по партиски клуч и нагласуваме дека ова тврдење е лажно и манипулативно. Лажно е и тврдењето дека „во Град Скопје се вработува личен возач на Петре Шилегов“, автомобилот што го користи градоначалникот Петре Шилегов нема да го вози 19-годишен возач, се вели во реакцијата од Град Скопје на прес конференцијата од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Во продолжение на истата се додава:

— реклама —

Градот Скопје апелира до партијата ВМРО-ДПМНЕ да престане да ја лаже јавноста и да шири паника и неизвесност меѓу граѓаните со измислени проблеми. Работата на градоначалникот Петре Шилегов и на Градот Скопје, како институција, е транспарентна и посветена на брз урбан развој на Градот Скопје.

— реклама —

Во Скопје јасно се гледаат новите стандарди во квалитетот на изградбата и обновата на градските улици и булевари, на уредувањето на јавните површини и на подигнувањето на ново зеленило, толку потребно за здрав живот на граѓаните.

Скопјани се сведоци на трансформацијата на нивниот град кон поубаво и похумано место за живеење. Таа реалност не може да ја искривоколчат лажни вести и измислени афери што јалово се пласираат од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ колку само да го пополнат медиумскиот простор, без никаква одговорност кон граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања