Град Скопје на 8 мај годинава склучи договор со две фирми за прскање против комарци во вкупен износ од 67.291.140 денари, но резултатите во најмала рака се дискутабилни. Дека има проблем потврдија и од Град Скопје, но се правдаат дека дошло до поголемо размножување на комарците поради „изразената влага во вегетацијата“, па во консултација со надлежните здравствени служби, донеле одлука да се спроведе вонредно прскање против комарци, објави САКАМДАКАЖАМ.МК .
Град Скопје годинава прскаше против комарци четири пари. Само една недела од последното авионско прскање, спроведено предминатиот викенд, низ сите населби во градот има наезда на комарци.
На прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК со какво средство се врши прскањето против комарци и дали некој од Град Скопје ги контролира фирмите задолжени за прскање, од Град Скопје завчера одговорија дека се прска со најдобриот светски препарат, производство на германската фирма „Бајер“.
Текстот во целост на:САКАМДАКАЖАМ.МК