ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Град Скопје планира во 2020 год да исчисти неколку дпоголеми диви депонии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
53604785_2270692896326214_4035434778923630592_n

Во пресрет на граѓанскиот протест закажан за утре (07.12.2019 година), во врска со загадувањето кое потекнува од депонијата во Ѓорче Петров, Градот Скопје со соопштение до јавноста.  Тие уверуваат дека борбата за здрава и чиста животна средина е приоритет на градската администрација и на ова прашање се работи секојдневно, и во сезоната кога има загадување, но и во сезоната кога нема загадување.

— реклама —

„Во Буџетот на Град Скопје за наредната 2020 година, што е во подготовка, се одвоени средства за чистење на неколку поголеми диви депонии во градот, а меѓу нив е и расчистувањето на депонијата во Ѓорче Петров. Оваа депонија со децении ги загадува и нагрдува околните населени места, но со планираните активности екипите на Град Скопје ќе го расчистат натрупаното ѓубре, а просторот ќе го облагородат.

Градот Скопје континуирано спроведува акции за чистење на јавните површини, како и за расчистување на дивите депонии. Само за илустрација, за две години, за периодот ноември 2017 – ноември 2019 година од дивите депонии во градот е расчистен отпад од 12.666 кубни метри.

— реклама —

Инспекторите и комуналните редари на Град Скопје во последниве две години ги засилија контролите на терен што резултираше со зголемување на казните и опомените и видливи резултати, значително подобрени во однос на претходните години. Така, во јули годинава беше поднесена првата кривична пријава во историјата на Скопје за неовластено фрлање смет, со што Град Скопје ја потврди заложбата за почиста и поздрава животна средина. Во овој случај, стануваше збор за лице фатено на самото место, на улицата Александар Урдаревски во општината Бутел.

Борбата за поздрава и почиста средина е процес кој трае без прекин и во неа треба да бидат вклучени и надлежните институции, но и граѓаните со своето одговорно однесување. Само заедно, со заеднички напори, може да ги достигнеме стандардите кон кои сите тежнееме, а граѓаните да го остварат своето право на чиста и здрава средина“, се вели во соопштението од Град Скопје.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања