Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Град Скопје почна постапка за присилна наплата на данокот на имот и фирмарина за 2019

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
27-28-sednica-na-sovet-2019-2

Град Скопје ги потсетува сите граѓани дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Законот за даноците на имот (Сл.весник на РМ број 61/2004....23/2016 ), во тек е постапката за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2019 година.

Сите даночни и таксени обврзници кои по горенаведените основи имаат заостанати и неплатени долгови, требa да ги подмират своите обврски.

Воедно, Ве информираме дека секое физичко или правно лице има достапен увид во неговата финансиската картица, увид во изготвените решенија по кои е задолжен и истите може да ги печати следејќи ја следната патека https://danoci.skopje.gov.mk/gskopje/root/public/login.xhtml.

— реклама —

Потсетуваме дека во тековната година во месец март Град Скопје испрати опомени за неплатен данок на имот и комунална такса за фирмарина  до сите правни и физички лица кои вршат дејност на територија на Град Скопје. Од причина што рокот во кој требаше да се изврши наплатата по доставената опомена е поминат, Град Скопје е во постапка на изготвување решенија за присилна наплата кои ќе бидат доставени до даночните,  односно таксените обврзници.

— реклама —

Доколку даночните и таксените обврзници не постапат по ваквото решение се изготвува решение за блокада на сметките на обврзниците по банки.

 

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања