„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Град Скопје повикува на спортско однесување и прославување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
skopje-plostad

Град Скопје, градоначалникот Петре Шилегов и координаторите на сите советнички групи во Советот на Град Скопје го поздравуваат огромното постигнување и европската ракометна шампионска титула на „Вардар“.

— реклама —

Тие, сите заедно повикаа на достоинствен пречек и славење на успехот на ракометарите, а воедно изразија и несогласување со изолираните случаи кои сакаат да стават дамка на прославата.

„Остро го осудуваме и се дистанцираме од секој обид за неспортско навивање и однесување, ширење говор на омраза и национализам, како и пароли кои повикуваат на насилство и дискриминација кон кои било групи и поединци. Исто така, апелираме до надлежните државни органи да постапуваат согласно со законските норми со цел да се избегнат евентуални несакани случувања кои може да го нарушат позитивниот тек на денешниот настан. Уште еднаш упатуваме искрени честитки за историската победа на „Вардар“ и пожелуваме вакви нови спортски успеси и во иднина“, се вели во заедничката изјава.

— реклама —

Град Скопје, имајќи го предвид успехот на РК „Вардар“, значењето на подвигот и фактот што клубот им припаѓа на сите скопјани и на преостанатите граѓани на нашава земја, истакнува дека ваквиот спортски успех е заеднички и треба да не сплотува во славењето на овој историски резултат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања