Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Град Скопје со акција за чистење на дивите депонии во населбата Визбегово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
Golema-akcija-za-cistenje-an-vizbegovo-4

Во текот на денешниот ден, здружените екипи на скопските јавните претпријатија започнаа генерално чистење на Јадранската магистрала во населбата Визбегово.

Акцијата се одвива на потегот од булевар „Словенија“ кон Момин поток каде беа создадени нови диви депонии од несовесно фрлање на комунален и кабаст отпад.

На денешната голема акција за чистење присуствуваа градоначалникот Шилегов, како и директорите на јавните претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“,Абдусамед Шабани и Адриан Муча.

— реклама —

— реклама —

Поради поволните временски услови, се спроведува и машинско миење на Јадранската магистрала со автоцистерна, а од механизацијата се употребуваат специјални комунални возила - патарки, метларки и кипери.

— реклама —

Акцијата ќе продолжи во текот на целиот викенд, а во неа земаа учество екипите на ЈП „Комунална хигиена“, ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Улици и патишта“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања