Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Град Скопје со апел да престане палењето и уништувањето на контејнерите низ скопските улици

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

Во текот на изминатиов викенд непознати сторители опожариле три сада за одлагање отпад лоцирани на булеварот „Крсте Мисирков“ во близина на Бит Пазар. Опожарените контејнери со зафатнина од 3,2 м3 се целосно уништени и неупотребливи. Од почетокот на годинава се вкупно опожарени девет пластични контејнери поставени на јавни површини.

— реклама —

Опожарените садови се заменети со нови и не беше нарушена динамиката на одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад.

Сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени до надлежните органи и се очекува да бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и санкционираат сторителите.

— реклама —

Градот Скопје и ЈП Комунална хигиена апелираат до сите граѓани да ги чуваат и да не ги оштетуваат садовите за одлагање отпад поставени на јавните површини за да се овозможи ефикасно одлагање на комуналниот отпад и да се одржува јавната хигиена. Садовите за отпад се набавуваат со средства од граѓаните, а со нивното оштетување се нанесува голема финансиска штета. Поради тоа, ги охрабруваме граѓаните да го пријават секој случај на вандализам врз контејнерите и врз другата урбана опрема за да се одржува комуналниот ред во градот, а јавните површини да бидат уредени и чисти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања