Промени тема
Контакт

Град Скопје со поддршка за онколошките пациенти: Како до еднократна парична помош?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-08-24-at-11.14.20

Град Скопје продолжува со конкретни мерки за поддршка на најранливите граѓани, соопшти Орце Ѓорѓиевски. Во рамки на Програмата за активности во областа на социјалната, детската и здравствената заштита за 2026 година, ќе се обезбедува еднократна парична помош за онколошки пациенти, како мал, но значаен чекор за олеснување на нивното секојдневие и борба со болеста.

Право на помош имаат лица со живеалиште на подрачјето на Град Скопје, вклучувајќи ги општините Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари.

— реклама —

За да се оствари правото, потребно е да се достави барање за еднократна финансиска помош, копија од важечка лична карта, документ од надлежен орган што ја потврдува состојбата (дијагноза или отпусна листа), копија од трансакциска сметка, потврда дека лицето е онколошки пациент, а документацијата да не е постара од шест месеци од поставувањето на дијагнозата. Барањето и целокупната документација се поднесуваат преку Архивата на Град Скопје, во затворен плик со назнака: „Сектор за јавни дејности – Комисија за доделување еднократна финансиска помош за онколошки пациенти“.

Орце Ѓорѓиевски нагласува: „Ова, почитувани, е порака дека никој не е сам. Дека зад секоја борба стои некој кој верува, сочувствува и помага. Дека и во најтешките денови, постои рака што ќе ве поддржи и надеж што не згаснува. Заедно сме посилни.“

— реклама —

Оваа мерка е дел од заложбата на Град Скопје за грижа кон граѓаните и поддршка на оние на кои им е најпотребна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1ad3iak2398n9K6Jewi

Ѓорѓиевски: Нова ера во Скопје, набавуваме возила за Комунална хигиена, обезбедуваме нови претоварни станици

Скопје | пред 3 дена

media-libraryscsopl4enjij96BGN3a

Изгласан новиот ребаланс на буџетот: Нов мост и кружен тек во Сарај, нов влез во градот и нови улици

Скопје | пред 6 дена

media-library62i40ngbjunp2g2oJVl

Ѓорѓиевски: Запуштената „ливада“ на плоштадот „Македонија“ станува зелена оаза

Скопје | пред 2 седмици

media-library3naf1o4n4e7sepY9bGM

Ѓорѓиевски: Депонијата не е на територија на Скопје, водата за пиење е безбедна

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања