Градинката „Мимоза“ од Кисела Вода донираше новогодишни пакетчиња и колачиња

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
IMG-c92bf18e3a2438a9379c7f056015c957-V

Во пресрет на новогодишните празници, градинката „Мимоза“, лоцирана спроти ТЦ „Шампионче“, на докажаната хуманитарна организација на скопската православна епархија при МПЦ „Свети Спас“ и донираше повеќе новогодишни пакетчиња и колачиња.

— реклама —

Донацијата од новогодишни пакетчиња ја обезбедија дел од родителите на децата и вработените во градинката. Покрај ова, дечињата со помош на вработените подготвија и колачиња.

— реклама —

Со оваа хуманитарна акција, градинката „Мимоза“, која е во склоп на ЈДГ „Весели цветови“, оваа година уште еднаш покажа како треба да се развиваат најмладите, колку е важно да се помага, покажа што треба да се презема за да се чувствуваат задоволно и семејствата кои немаат доволно средства за задоволување на секојдневните потреби.

— реклама —

Општина Кисела Вода за хуманитарната акција на градинката „Мимоза“, упатува голема благодарност до родителите, директорката и вработените. Општината благодари и за сите останати хуманитарни акции, кои од почетокот на годинава ги спроведоа, институциите, фирмите, организациите и поединците.

„Најдобар начин да се расположите е да се обидете да расположите некој друг“ - Марк Твен

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања