Градинки на територијата на Општина Аеродром целосно подготвени ги отворија вратите за безбеден прием на децата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
20200909_092509

„Од утрово сите градинки на територијата на Општина Аеродром целосно подготвени ги отворија вратите за безбеден прием на децата“, изјави градоначалникот Златко Марин на денешниот прв ден од отворањето на градинките, на кој присуствуваше и министерката за труд и социјална работа, Јагода Шахпаска во градинката „Буба Мара“ во Ново Лисиче. Како што информира и директорката Елена Устамитова, при влезот во објектот се запазени сите протоколи за заштита од КОВИД-19, а исто така, предвиден е посебен режим на исхрана, регулирани се одморот, спиењето и играњето на децата.

— реклама —

Во објектите е извршена целосна дезинфекција, скрининг, односно тестирање на вработените за КОВИД-19, така што сè е подготвено за безбедно и сигурно згрижување на децата во установите.

— реклама —

Градоначалникот Златко Марин ја истакна неодамнешната одлука на Советот на Општина Аеродром со која се ослободуваат одредени категории граѓани од плаќање месечен надоместок за престој на нивните деца, а целта е да им се помогне на најранливите семејства.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања