Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Градинките од денеска почнуваат со работа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
gradinka-2

Градинките од денеска почнуваат со работа, со посебни протоколи со цел заштита на децата и вработените. Во градинките се запишани 29.000 деца, а согласно протоколите прием може да се направи на околу 19.000 деца. Досега пријавени од страна на родителите дека ќе посетуваат градинка се околу 14.500 деца.

При тоа приоритет ќе имаат самохраните родители и родителите кои не можат работните обврски да ги вршат од дома и ќе приложат соодветна потврда.

Приемот на деца по воспитна група треба да биде со десет минути временска разлика на влез на кој задолжително е растојание од два метри, а детето го спроведува еден родител и секогаш носи заштитна маска.

— реклама —

Потребно е да се врши секојдневна дезинфекција на превозните средства со кои се дистрибуира храна од главната кујна до другите објекти, лицата кои доставуваат храна задолжително треба да носат маски и ракавици, храната за децата треба да се остава пред занималната, а децата треба да јадат во неа со претходна дезинфекција на рацете и на масите.

— реклама —

На сите вработени при влегување во установата задолжително ќе им се мери температура.

Сите вработени во установата мора да носат заштитни маски.

— реклама —

Во групите на деца на возраст до две години треба да има максимум по шест деца, а на возраст над две години по максимум 15 деца.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања