Градинките во општина Кисела Вода се целосно подготвени по сите протоколи и ги отворија повторно вратите за најмалите сограѓани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
viber_image_2020-09-09_11-21-48

— реклама —

Приемот и целокупниот процес на згрижување на децата од предшколска возраст се одвива со целосно почитување на здравствените протоколи, со утрински распоред на прием по групи, одржување на дистанца, како од страна на родителите, и децата, така и од страна на вработените.

— реклама —

Се вршеше мерење на телесната температура на персоналот и на децата кои се згрижуваат со бесконтактен термометар, а првата активност која се спроведе со најмалите беше запознавање со начинот на функционирање, здравствените протоколи и одржувањето на личната хигиена во услови на Корона криза.

Во текот на изминатите денови, вработените во градинките извршија целосно генерално чистење на објектите, на целата опрема и инвентарот во занималните, кујната, магацините, пералните, собите за изолација, административните и други простории во објектите, како и целосна дезинфекција на сите објекти. Обезбедени се и доволни средства за одржување на општата и лична хигиена, средства за дезинфекција на вработените и просторот.

Истовремено, во двете градинки е обезбедено и доволно лична заштитна опрема (маски и ракавици) за вработените, а во следниот период општина Кисела Вода ќе обезбеди и донација во вид на заштитни визири за целиот персонал во јавните детски градинки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања