Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ целосно пофрлија, наместо развој граѓаните добија долгови и повисоки сметки, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
244526963_385963846555202_5094521531443449025_n

Учинокот на ВМРО-ДПМНЕ по една и пол година од мандатот во повеќе 40 општини е стагнација и безидејност, непродуктивно трошење на народните пари, задолжување и партизација на општините, вели СДСМ

„Наместо ветениот развој и најавените капитални проекти, ги задолжуваат општините и удрираат по џебот на граѓаните со покачување на цените на комуналните услуги.

— реклама —

Поскапи комунални услуги, вода и паркинг плаќаат граѓаните на општина Прилеп, комуналните услуги се покачени и во Гевгелија, Битола, Велес, Радовиш, Зрновци, Охрид и во други општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Во општина Штип зголемен е данокот на промет, такси превоз и надоместокот за ѓубретарина.

Истовремено со општински обврзници за милиони суми, ги задолжуваат општините, кои важат за финансиски најстабилни, како Прилеп, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Гевгелија.

— реклама —

Во Град Скопје нема реализација на ниту еден важен проект, нема ни довршување на наследените и веќе започнати проекти, нема нов еколошки превоз, нема нови автобуси, градскиот превоз е нефункционален, јавните претпријатија се во хаос, а ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката се занимаваат со идејата за враќање на споменикот на Ќосето, кој во времето на режимот противправно беше поставен во центарот на градот.

— реклама —

Кадрите на шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски целосно потфрлија.

Локалните власти на ВМРО-ДПМНЕ се најголемо разочарување за граѓаните“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања