Градоначалниците на СДСМ и ДУИ немаат мрднато ни со прст. Наместо да одговорат со проекти за довербата која ја добија од граѓаните тие одговараат со неодговорност, матни тендери и неработење. Тоа е принципот на СДСМ и ДУИ, вели ВМРО-ДПМНЕ.
„Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ со конкретна работа покажува дека доаѓаат промени кои носат иднина. Во 100 дена реализирани се 1090 проекти и покрај огромните долгови кои СДСМ и ДУИ ги оставија зад себе, но и опструкцијата од страна на централната власт.
Започнати се со проектирање, градба или реконструкција нови 33 градинки и 68 училишта, 206 улици и патишта 111 водоводи и канализации, 96 игралишта и паркови и расчистени се повеќе од 200 диви депонии.
Ова е конкретна разлика во пристапот на ВМРО-ДПМНЕ наспроти криминалот на СДСМ и ДУИ“; се вели во соопштенито.