Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се „грижат“ за граѓаните со поскапување на комуналните услуги, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
komunalna

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ по кој знае кој пат, докажаа дека воопшто не се грижат за граѓаните, туку на прво место ги ставаат личните и партиските интереси, вели СДСМ

— реклама —

„Тие изминатите 10 месеци не работат ништо. Парите на граѓаните ги трошат на лускуз и партиски вработувања, додека општините и јавните претпријатија тонат во долгови.

Згора на тоа, во време на криза наместо да им помогнат на граѓаните, тие дополнително го влошуваат нивниот стандард со покачување на цените на комуналните услуги.

— реклама —

Општина Штип за 100 отсто ја зголеми цената на ѓубретарината. Зголемување на комуналните услуги за 25 отсто има и во општина Виница, додека во општина Радовиш се покачени давачките за комунални услуги. Во Прилеп пак, поскапе јавниот такси превоз.

— реклама —

Додека цените на услугите растат, јавните претпријатија раководени од ВМРО-ДПМНЕ се полнат со партиски кадри.

Неспособните градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и нивните директори, за само 10 месеци успеаја да ги задолжат и партизираат јавните претпријатија со кои раководат, за сега да бараат помош од Владата со цел да ја сокријат нивната неспособност.

— реклама —

Тоа е лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ. Од една страна глумат загриженост за економскиот стандард на граѓаните, а од друга, нивните функционери летуваат на монденски локации, а нивните градоначалници удираат по џебот на граѓаните“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања