Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се најслаби градоначалници досега, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
vmro_dpmne

Неспособност, хаос и партизација, тоа е заедничко за речиси сите општини предводени од градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, вели СДСМ

„Покрај Скопје каде што владее вистински хаос, по само една година власт, катастрофална е состојбата и во други општини предводени од кадри на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Прилеп. Штип, Велес, Охрид, Радовиш, Виница се само дел од општините каде комуналните давачки се сериозно зголемени.

— реклама —

Но истовремено, овие, но и други општини предводени од ВМРО-ДПМНЕ трошат милиони денари во сред криза за привремени вработувања и партизација на општините.

Општина Гевгелија е задолжена за 50 милиони денари, а долгот на општина Радовиш е зголемен за нови 800.000 евра.

— реклама —

Тоа е се што знаат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, да ги задолжуваат и партизираат општините, да удираат по џебот на граѓаните.

— реклама —

За една година никаде нема нов капитален проект, нема решенија, но затоа има масовна партизација и стагнација на општините.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се најслаби градоначалници досега, а локалната и градската власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ е најнеспособната досега“; се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања