Промени тема
Контакт

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ трошат милиони евра за партиски вработувања, обвинува СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
vmro-1

И во време на криза градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ не се откажуваат од расипничко трошење на парите на граѓанит, обвинува СДСМ

„Само во пет општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ ќе се потрошат над 1,2 милиони евра за партиски времени вработувања.

Во Скопје, 670 илјади евра, во Бутел 200 илјади евра, во Ѓорче Петров 133 илјади евра, во Карпош 75 илјади евра, во Гази Баба 160 илјади евра.

— реклама —

А токму овие градоначалници без трошка срам бараат пари од Владата предводена од СДСМ и се закануваат со некаква радикализација, а трошат илјадници евра на скапи телефони, чоколади и сокови.

— реклама —

Повеќе од 1,2 милиони евра се сериозни пари со кои може да реализираат важни проекти, пари со кои може да им се помогне на граѓаните и на јавните претпријатија во справувањето со последиците од кризата.

Но, на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ тоа не им паѓа на памет, бидејќи единствено се грижат за исполнување на лични потреби и целосна партизација на општините во кои раководат.

— реклама —

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, оваа нереформирана партија останува симбол на криминал и расипништво“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања