Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ удрија врз грбот на граѓаните, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
DSC_0094

Една и пол година градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ не реализираа ниту еден капитален проект, не изнајдоа никакво решение за унапредување на квалитетот на живот, вели СДСМ

— реклама —

„Граѓаните на десетици општини предводени од ВМРО-ДПМНЕ добија поскапи комунални услуги, а сега Град Скопје, Охрид, Ресен и Кочани се единиците на локалната самоуправа кои бараат драстично зголемување на цената на водата.

Распинички и нетранспарентно, големи и финансиски стабилни општини како Аеродром, Прилеп, Гази Баба и Бутел планираат да ги задолжат своите граѓани со општински обврзници за кои никој не знае како ќе се потрошат парите од таквите задолжувања.

— реклама —

Во меѓувреме, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и оваа година ќе потрошат милиони евра за времени вработувања на партиски кадри во општините.

— реклама —

Општина Гази Баба ќе потроши над 220.000 евра за времени вработувања, општина Аеродорм ќе потроши скоро 90.000 евра, милиони денари за вработувања ќе потрошат и општините Кочани, Илинден, Велес…

Ете тоа е учинокот на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во првата третина од нивниот мандат.

— реклама —

Ништо не се менува во Белиот дворец, партијата предводена од Христијан Мицкоски се грижи само за личните и бизнис интереси на поединци, додека ги игнорира потребите на граѓаните“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања