Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваат граѓаните и општините ги ставаат во заложништво, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
120190420_222432

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во повеќето општини во државата работат неодговорно, нефункционално, ги партизираат општините, ги покачуваат цените на општинските услуги, ги задолжуваат граѓаните и општините ги ставаат во заложништво, вели СДСМ

— реклама —

„Најнов пример е градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски, кој започна постапка за задолжување на општината со долгорочна денарска обврзница од 5,4 милиони евра.

Муцунски успеа за само една година, Аеродром од најбогата општина во државата, да ја претвори во општина која тоне во долгови, на која и е потребно задолжување.

— реклама —

Исто така, не е јасно колкави ќе бидат каматите за задолжувањето и постои ризик сметката на општината да биде блокирана во следните 10 години.

— реклама —

Од одлуката која ја изгласа ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општината се гледа дека со овие средства планирана е изградба на 2 и пол градинки, а не 4 како што Муцунски ветуваше пред изборите. Планирани се 2 доградби на училишта и 0 нови училишта.

Со ова задолжување ниту еден проблем во Аеродром не се решава трајно. Ниту недостатокот на градинки, ниту недостатокот на училишта, ниту недостатокот на паркинг простор, ниту потребата од развиена мрежа на улици и велосипедски патеки.

— реклама —

Наместо развој и решавање на проблемите, аеродромци добиваат нов проблем – долг од 5,4 милиони евра кој ќе го враќаат во следните 10 години“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања