Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Градоначалник на ДУИ живее во стан кој не го пријавил изграден од компанија-донатор на ДУИ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

„Не престануваат скандалите за функционерите на ДУИ и компаниите блиски до нив. Имено, во медиумите излезе информација дека градоначалникот Фатмир Дехари живее во непријавен стан, сопственост на градежната компанија „АС Сењак“ и бизнисменот Селаудин Арифи“, вели Левица и додава:

Фактички, градоначалникот на Кичево живее во стан, кој е во сопственост на компанијата „АС Сењак“. Оваа контроверзна компанија е една од омилените бизнис-партнери на Дехари, па истата е во топ пет фирми кои добиле најмногу тендери од општината.

— реклама —

Како ова да не е доволно, токму бизнисменот Арифи е во сватовски врски со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Додека и Македонците и Албанците во Кичево масовно се иселуваат, очигледно компаниите на роднините на Ахмети го зголемуваат своето богатство. Изминатиот период, сватот на Ахмети, Селаудин Арифи, стана и доминантен сопственик на „Жито Караорман“.

— реклама —

Катастрофалната состојба во Кичево најдобро го отсликува неказнетото владеење на иредентистите од ДУИ. Додека Ахмети заговара дека Албанците конечно ги добиле своите права, реалноста е дека обичниот Албанец живее во беда и сиромаштија, како и обичниот Македонец. Жителите во Кичево се принудени да се лечат во болница стара над 30 години, додека фамилијата на Ахмети добива милионски тендери.

— реклама —

Јасно е дека единствените кои живеат подобро од владеењето на ДУИ се Ахмети и Груби и нивните фамилијарни компании.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања