Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Градоначалникот Бобан Стефковски од ВМРО-ДПМНЕ ги прекршил законите, тврди СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
BobanStefkovski31052021

Градоначалникот на општина Гази Баба, назначил лице без лиценца за ревизор, без положен испит, извесен Добри Петров, в.д. директор на Јавното комунално претпријатие Гази Баба, вели СДСМ.

„Со ова е прекршен Член 36 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола.

Ова неовластено лице исто така било незаконски задолжено да изврши ревизија на работата на детската градинка „Детска Радост“.

Лицето кое незаконски вршело ревизија, ревизорскиот извештај, согласно Законот наместо да го достави прво кај директорката на градинката, го доставил до градоначалникот, која врз основа на овој незаконски извештај е разрешена.

— реклама —

Целта на оваа незаконска операција била разрешување на директорката на градинката.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ и Стефковски треба да објаснат како в.д. директор на јавно претпријатие Гази Баба го назначиле незаконски да спроведува партиски наредби.

ВМРО-ДПМНЕ за само 100 дена си го покажа вистинското лице. Нивните градоначалници владеат со општините како шерифи, не почитуваат закони, разрешуваат и именуваат свои партиски војници.

— реклама —

Законите се јасни и тие се прекршени со постапките на Стефковски и затоа очекуваме надлежните институции да покренат соодветни законски процедури за овој скандал.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да го повикаат на одговорност нивниот градоначалник и сите вмешани во овој скандал“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања