„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Градоначалникот Филип Темелковски оствари работна средба со Бен Линџман, помошник офицер за јавни работи во Амбасадата на САД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
53478370_10156088995137157_1315650720166313984_o

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски оствари работна средба со помошник офицерот за јавни работи во Амбасадата на Соединетите Американски Држави, Бен Линџман. На состанокот Темелковски го информираше Линџман за работните активности и стекнатите искуства од неодамнешната посета на САД.

— реклама —

Градоначалникот Филип Темелковски во САД се сретна со сенаторите на Оклахома Кеј Флојд од Демократската партија и Роб Стандриџ од Републиканската партија. Сенаторите градоначалникот го запознаа со степенот на децентрализација, а му ја објаснија и соработката помеѓу Федералната Влада, Државниот Сенат, гувернерите и градоначалниците.

Темелковски престојуваше во САД со цел за пренесување на искуства во нашата држава кои ќе придонесат за подобар живот на граѓаните.

— реклама —

Оваа посета се реализираше во рамки на американската програма за размена, која се фокусира на надворешната политика, човековите права и актуелните американски социјални, политички и економски прашања. Во Амбасадата на САД на Темелковски му беше доделен сертификат за учество на истата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања